Кривичниот суд во Париз денеска прогласи за виновни тројца членови на екстремно десничарската група „Ле Баржол“ за подготовка на заговор за извршување на терористички акт против францускиот претседател Емануел Макрон во 2018 година.
Судот осуди тројца мажи на три до четири години затвор, односно условни казни од една до две години, објави „Ројтерс“.
Четвртиот е осуден на условна затворска казна од шест месеци поради поседување оружје.
Останатите обвинети беа ослободени.