Париз: Пет мистериозни ковчези поставени во подножјето на Ајфеловата кула

од Vladimir Zorba
462 прегледи

Вработените во Ајфеловата кула и некои туристи забележале пет мистериозни ковчези поставени во подножјето на кулата, а поради тој инцидент три лица биле уапсени.

Тие се осомничени дека поставиле пет ковчези покриени со француско знаме во саботата околу 9 часот наутро во близина на Ајфеловата кула, со повикување на француските војници кои загинале во Украина, изјави извор за француски Паризиен.

Се вели дека ковчезите може да содржат гипс.