Паркинг место во Амстердам се продава за 495 илјади евра

од Milan1

Паркинг простор во близина на Вонделпарк, најголемата зелена површина во Амстердам, се продава за речиси половина милион евра, што е шокантна цена дури и за Холандија, каде што цените експлодираа поради тешката станбена криза.

На огласите за недвижности на Фондот, огласен е паркинг простор за 495.000 евра и е најскап во земјата, пренесува холандскaта телевизија „РТЛ“.

Соопштението ја шокираше Холандија, која инаку е погодена од тешка станбена криза. Имено, бараната цена на паркингoт е повисока од просечната цена на стан во Холандија, која според извештајот објавен на крајот на 2023 година изнесува 430.000 евра. Покрај скокот на цените, „РТЛ“ истакнува дека во Холандија се затворени многу паркинзи во центрите на градовите за да бидат помалку атрактивни за автомобилите.

Местата за паркирање се „сè поретки и нивната вредност се зголемува, но таков простор, се разбира, не вреди половина милион евра“, наведува РТЛ.

Слични содржини