Парламентарна комисија ја поддржа кандидатурата на Анушиќ за министер за одбрана на Хрватска

од Radmila Tasevska
310 прегледи

Комисијата за одбрана на хрватскиот Сабор денеска го поддржа предлогот за нов министер за одбрана да се именува жупанот на Осиек-Барања, Иван Анушиќ кој пред комисијата најави поголеми инвестиции во тој ресор.

Зборувајќи за своите приоритети, Анушиќ најави поголеми средства за одбранбениот сектор бидејќи, како што рече, Хрватска „се спуштила под инвестициската граница од два отсто од БДП, на што инсистира НАТО“.

Тој нагласи дека хрватската армија мора да биде врвно опремена со технологија, опрема, оружје и персонал.

Слични содржини