249
Откако хрватскиот претседател Зоран Милановиќ одби да го разгледа барањето на министерот за одбрана за учество на хрватската армија во европската мисија за обука на украински војници (ЕУМАМ), владата на Хрватска денеска одлучи да го испрати предлогот во парламентот на одлучување.
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, во отворениот дел од владината седница наведе три начини на кои Хрватска може да ѝ помогне на Украина по ова прашање.
Милановиќ, кој е и врховен командант на вооружените сили, одби да даде согласност за учество на хрватски војници во мисијата на ЕУ за помош на Украина.