127
Украинскиот парламент, Врховната рада, денеска ги поддржа предлозите за законот за продолжување на вонредната состојба и мобилизација за уште 90 дена, поднесени од претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави пратеникот Јарослав Железња.
„Собранието го поддржа предлог-законот 7664 за продолжување на вонредната состојба за 90 дена, до 21 ноември годинава. Рада го поддржа и предлог-законот 7665 за усвојување на уредбата за продолжување на рокот за општа мобилизација“, напиша Железња на својот Телеграм канал, пренесе ТАСС.
Зеленски на 12 август до Врховниот совет го поднесе предлог-законот за вонредна состојба и продолжување на мобилизацијата.
Вонредната состојба во Украина беше воведена на 24 февруари.