Вечерва Пaрни ваљак во Скопје на концертот кој се одржува во рамки на славеничката турнеја на групата со која одбележува 40 години постоење,.Фронтменот на хрватската рок-група „Парни ваљак“, Аки Рахимовски вечерва во арената „Борис Трајковски“ со почеток во 21 часот, со македонската публика ќе го прослави и својот 60-ти роденден.
– Својот роденден ќе го прославам со дел од моето семејство и најблиските кои живеат во Македонија, а вечерта ќе славам со својот бенд и илјадниците фанови бидејќи во Скопје имаме концерт со кој почнува нашата славеничка турнеја – изјавил Рахимовски за хрватските медиуми.
– Македонците се топол народ. Кај нив никогаш не се забележува тагата и депресијата, а нивниот животен стандард е полош од стандардот на Хрватска – изјавил Рахимовски.
Тој потенцирал дека не сака никаков посебен подарок за роденденот.
– Само нека ме служи здравјето, бидејќи ништо друго не ми треба – открил тој.
