Парот Зеленски позираше за „Вог“, луѓето бесни: „Фотографирање во војна, што е ова?!“

од Nikola Popovski
275 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена Зеленска дадоа телевизиско интервју во Киев со контроверзниот британски новинар и водител Пирс Морган. Исто така, тие се фотографираа и за познатиот моден магазин „Вог“, што наиде на остри критики.

Во најавата за интервјуто планирано да се емитува во среда навечер, претседателот на Украина и првата дама велат дека руската инвазија ги направила уште поблиски еден до друг.

Во еден момент, Морган ја прашува брачната двојка: „Ваквите ситуации можат да направат или да го нарушат бракот. Дали сега вашиот брак е посилен поради тоа што го поминавте?“ Зеленска одговара: „Се согласувам со теоријата дека бракот станува посилен со предизвици. Мислам дека истото се случи и во нашиот случај“.

Првата дама потоа му се обратила на сопругот, кој пет месеци го предводи украинскиот отпор, барајќи од него мислење за нивниот брак, пренесува Јутарњи лист.

Зеленски вели: „Мојот одговор не е различен!“, на што Олена Зеленска го поттикнува: „Треба да имаш свое мислење за тоа“.

Зеленски смеејќи се возвраќа: „Кога си до мене, твоето мислење има предност!“

Зеленска се омажи за својот сопруг во 2003 година и заедно имаат две деца, 9-годишниот Кирил и 18-годишната Олександра. Олена Зеленска стана прва дама на Украина откако Зеленски беше избран за претседател во 2019 година.

„И понатаму не е Меланија“

Деновиве Олена Зеленска позираше за специјална насловна страница на Вог, што некои го сметаа за контроверзен потег.

„Дали другите светски лидери организираат модни фотосесии за време на војна и инвазија?“, „Какво е ова видео и кој мислеше дека ова е добра идеја?“, „Пропаганда на Вог“, „И понатаму не е Меланија“, „Ова е чудно“, Илјадници невини жени и мажи бегаат и умираат. Илјадници украински војници загинаа, а стотици градови и заедници се уништени. Но, да, ајде да се сликаме за Вог“, се само дел од негативните коментари по социјалните мрежи.

Првата дама на Украина за Вог зборувала и за својот семеен живот.

„Ова беа најстрашните месеци во мојот живот и во животот на секој Украинец. Да бидам искрена, мислам дека никој не е свесен колку емотивно излеговме живи од оваа ситуација“, рече таа.

Зеленски заедно со сопругата се фотографираше за Вог. Тие заедно позирале за познатата фотографка Ени Либовиц.

„Како и секој човек, јас бев загрижен за моето семејство, за нивната безбедност“, рече Зеленски.

„Не се работи за романса, едноставно никој не сака да го доведе своето семејство во опасност. Секако дека ми недостигаа. Многу сакав да ги гушнам. Мојата сопруга има силна личност и е многу посилна отколку што мислеше дека е. Секоја војна, вклучително и оваа, во човекот го пронаоѓа она за што не е ни свесен“, додаде тој.

Слични содржини