Потписниците на пржинскиот договор од денеска почнуваат да ги усогласуваат Законите кои во наредниот период треба да ја поминат и собраниската процедура информираат партиски извори.

przino-pregovori-860x680-1-670x530

Станува збор за анексот на пржинскиот договор кој се однесува на законските решенија за медиумите, ингеренциите на опозициските министри  како и мандатот во преодната влада како и законот за МВР.

Партиски извори информираат дека денешнта  средба најверојатно ќе биде попладне. Во работната група ќе учествуваат  преговарачите , како  претсавници од партиите експерти во областите. Ова се случува откако во петокот драфт верзијата не помина на собраниските координации.

Партиски извори велат дека се очекува усогласувањето најтешко да  биде во делот на Законите за медиуми .Според договореното таму има и најмногу измени. Почнувајќи од назначувањето на главниот и одговорен уредник на националниот сервис кој треба да го предложи опозицијата па се до формирањето и на посебното ат – хок тело.

Во Законот за Влада треба да се ограничи мандатот на опозициските  функционери – и да се предвидат оставките по изборите, но и да се фиксираат кадровските измени на 15 раководители во МВР. Законот за полиција пак ќе биде со одложно дејство до јануари следната година.

Во меѓувреме пак ДИК почна со работа околу последните измени за спорните гласачи. Велат ќе подготвуваат упатства, формулари за пријавување и ќе објават јавен повик на својата страница како и на страниците на дипломатско – конзуларните претставништва, за да може да прочитаат и оние македонски државјани кои живеат во странство. Веќе во вторник се очекува да бидат објавени и имињата на спорните гласачи.

 

Слични содржини