Партиите во САД знаат БУКВАЛНО СЕ за гласачите! И таму има „тефтер“ со податоци

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Во САД голем број фирми, специјализирани во собирањето и обработката на податоци за граѓаните, им помагаат на партиите подобро да се насочат кон избирачите за време на предизборни кампањи, без Американците да знаат дека нивните лични податоци се користат на таков начин, пишува Франс прес.

US-PRESIDENTIAL-ELECTION-0F-2016-9

Една од главните компании во овој сектор е NGP VAN, која неодамна го привлече вниманието на медиумите со аферата за кражба на податоци за Хилари Клинтон од екипата на нејзиниот противник Берни Сандерс. Таа управува со базата на податоци на Демократската партија. Колку луѓе има во оваа база на податоци?

“Сите”, вели на смеа Кевин Турман, кој во 2008 година работел во предизборниот штаб на Хилари Клинтон во онлајн одделот. “Сите гласачи внесени од 2004 година, па дури и малку повеќе, бидејќи некои во меѓувреме починале”, додава Франс прес.

images (6)
Според проценките овој број е околу 195 милиони луѓе, многу повеќе од онаа која моментално се совпаѓа со избирачките списоци односно 142 милиони.

Во базата на податоци дури има и негласачи, полнолетни лица кои предизборните екипи се надеваат да ги мобилизираат.

Сите кандидати на демократите, било да е тоа на локални избори или на претседателските, се свртуваат кон NGP VAN. Компанијата им помага на кандидатите да се пикираат подобро потенцијалните гласачи, избегнувајќи ги оние кои никогаш нема да гласаат за нив, и на тој начин да ги намалат предизборните трошоци.

“Ако сте од екипата на Доналд Трамп, нема да губите време и пари да се обраќате кон поддржувачите на Клинтон”, резимира Брандо Тревис , портпаролка на компанијата “Аристотел”, една од главните конкурентки на NGP VAN.

Од 2004 година Демократската партија собира информации за американските гласачи и за граѓанската состојба, кои покажуваат во кои избори гласале. Овие податоци се јавно достапни. Потоа партијата преку посредници купува лични податоци кои приватни фирми ги поседуваат за нивните клиенти. Таквите информации ги продава на пример синџирот супермаркети Си Ви Ес. Националната асоцијација на сопственици на огнено оружје (NRA), исто така, обезбедува некои податоци за своите членови.

images (7)

“Проверуваат и за кои списанија сте претплатени”, прецизира Кевин Турман. Клиентите може и да не се запознаени, но сето тоа е легално поради отсуството на нормативна рамка за овие активности.

“Сакаат да знаат какви производи купуваат луѓето”, потврдува американскиот новинар Саша Исенберг, автор на книга за ова прашање. Фирмите ги продаваат и електронските адреси на клиенти што лесно дава пристап до Facebook профилот. Демократската партија може да го дознае и нивото на едукација на даден човек, а често пати и интимни и лични податоци.

Благодарение на овие податоци кои се анализираат од софтверот на NGP VAN, предизборните стратези знаат со кого си имаат работа и можат подобро да ги прилагодат пораките.

Така на пример за Хилари Клинтон е поверојатно да гласа 30-годишна жена, која живее во голем град и е зачленете за литературно списание, отколку 60-годишен маж, кој живее во јужна рурална област и е зачленет за списание за огнено оружје. Со посети по домовите волонтерите можат да проценат дали некој човек се грижи повеќе за глобалното затоплување отколку борбата со невработеноста.

us-election-mascot-donkey-elephant-circle-cartoon-illustration-democrat-head-republican-head-wearing-hat-stars-61681830

NGP VAN не е единствената компанија во оваа област, туку има неколку десетици фирми кои си градат сопствена база на податоци. Фирмата “Нешнлбилдер” дури изјави дека со неа се поврзале француски политички партии за претседателските избори во 2017 година. Републиканците поседуваат слична база на податоци. Овие компании потсетуваат дека сите овие податоци се добиени по легитимен пат, иако Американците не знаат дека на тој начин партиите продираат во нивната приватност.

“Со кликнување на копчето” Прифати “без да сте ги прочитале условите им дозволувате на фирмите да ги продадат вашите податоци. Тие стануваат јавни, но луѓето не се свесни”, објаснува Џо Кран, основач на фирмата Филпак која работи со републиканците. ” Кога луѓето ќе се зачленат во нешто, тие не сфаќаат во што влегуваат “, потврдува Кевин Турман.”