Партијата на Фицо победи на изборите, но го губи мнозинството

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Социјал-демократите на важечкиот словачки премиер Роберт Фицо ги освоија парламентарните избори, но загубија  мнозинството.

fico

Егзит полот на приватната телевизија Markiza покажува дека неговата партија СМЕР-Социјалдемократска  зема 27,3% од гласовите. Таа е следена од либералната партија “Слобода и солидарност” (САС) со 13,3% и конзервативната формација ОЛАНО-НОВА со 11,2 проценти. Социјалдемократите на важечкиот словачки премиер Роберт Фицо победија на парламентарните избори, но го загубија мнозинството. Егзит полот на приватната телевизија Markiza покажува дека неговата партија СМЕР-Социјалдемократите зема 27,3% од гласовите или 45 места во 150-члениот парламент. Од претходните избори сепак партијата имаше 44% и 83 мандати. Таа е следена од либералната партија “Слобода и солидарност” (САС) со 13,3% (22 места) и конзервативната формација ОЛАНО-НОВА со 11,2 проценти (18 места). Во Парламентот имаат шанса да влезат 9 од вкупно 23-те регистрирани политички субјекти. Деснонационалистичката партија “Нашата Словачка” со лидер Маријан Котлеба собра 6,6 проценти, што и дава 11 места. Партијата Мост на унгарското малцинство заработува 7,3% и 12 места, дебитираше либерална партија “Сиет” (Мрежа) има 6,7% и 11 места, демохристијаните се со 8 места, додека конзервативната SME Rodina 10 места.

“Голем миш-маш и многу партии во парламентот”, така Роберт Фицо ги коментира резултатите од изборите. Аналитичарите предупредуваат дека неговата партија ќе треба да бара поддршка од две-три партии за да формира коалициска влада. Игор Матович, лидерот на втората партија ОЛАНО-НОВА изјави  за агенцијата ТАСР: “Ова е силен земјотрес”. Патото кон успехот е и цврстата антиимигрантска политика на Роберт Фицо беше во созвучние со оние на другите земји од Вишеградската четворка – Чешка, Унгарија и Полска. / АФП