Партијата на власт во Србија менува политика- Maљковиќ, Кустурица и Џајиќ прво на вечера кај Вучиќ, а потоа на изборна листа?

од desk4
90 прегледи

Александар Вучиќ и Расим Љаиќ ќе бидат едни од политичарите кои ќе се најдат во првите десет на изборната листа на Српската напредна странка. Според извори на српски Блиц, останатите места се понудени на истакнати поединци од различни области во општествениот живот.

84370b2ad3c6e658985bbc754f466bf1

Според сознанијата на Блиц, Вучиќ бил на вечера со легендарниот кошаркарски тренер Божидар Маљковиќ, фудбалската легенда Драган Џајиќ и режисерот Емир Кустурица.

–  Тоа беше пријателски разговор на кој зборувавме за тоа како тие тројца може да помогнат на Вучиќ и напредњаците во кампањата, открива изворот на Блиц.

На сите тројца им е понудено место на врвот на изборните листи.

– Маљковиќ, Џајиќ и Кустурица се во пријателски односи со Вучиќ. Тие имаат волја да учествуваат во компањата, само се бара вистинската формула, во иднина сите да имаат свои занимања и политиката да не им е приоритет, вели изворот на Блиц.

SRBIJA VUČIĆ KRIMINAL

Договорот е Вучиќ да се сретне со сите тројца уште еднаш, кога би требало да бидат заклучени сите детали за евентуалната соработка. Маљковиќ моментално е без теренски ангажмани, но е посветен на кошарката и ги подучува младите стручњаци, додека Џајиќ е почесен претседател на ФК Црвена Ѕвезда. Режисерот Емир Кустурица го завршува снимањето на филмот- На млечниот пат.

Никој од споменатите вчера не одговорил на телефонските повици и пораки на Блиц.

IMG_2033

Фото- Професор Владан Петров

Местата на изборните листи на напредњаците нема да бидат понудени само на спортски работници. Според Блиц, меѓу првите на листата ќе биде и професорот од Правен факултет во Белград, Владан Петров.

Овие планови со креирањето на изборните листи се промена на тактиките, бидејќи напредњаците не играле на картата на познати личности. Пример, на листата пред парламентарните избори во 2014-та година, е само Вања Удовичиќ, кој покасно стана министер.

 

Како изборните листи се полнеа со естрадни личности во минатото?

250px-Nesagalija

Ненад Милосављевиќ- Неш (Галија)

И на претходните избори париите пробуваат да ги анимираат гласачите со поддршка на познати лица. На пример, на листата на СПС за парламентарните избори во 2014-та годиа, беа рокерот Ненад од “Галија”, како и режисерот Срѓан Драгојвиќ.

На листата на напредњаците, далеку од првите десет беа неколку поранешни новинари и водители, Милован Дречун, Лилјана Несторовиќ, кандидати на ЛДП беа актерите Оливера Јежина и режисерката Јелена Богавац.