Пашинјан: Да не потпишевме, главниот град ќе паднеше

од Vladimir Zorba
381 прегледи

Ерменија беше принудена да потпише договор за ставање крај на војната во Нагорно Карабах со цел да се избегне воен колапс, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

Како што рече, договорот овозможи зачувување на она што Карабах не може да го зачува – главниот град Степанакерт и уште два града.

„Овој документ го обезбеди она што, според воените и други проценки, не можеме да го зачуваме. Во ситуацијата кога главниот град на Карабах, Степанакерт, остана без одбрана, за време на продолжувањето на војната, постоеше голема можност за губење на Степанакерт, Мартуни и Аскеран. После тоа, илјадници наши војници можеа да бидат опколени, односно ќе дојдеше до колапс. Земајќи ги предвид тие проценки, донесена е одлука за потпишување на договорот“, рече Пашинијан во видео обраќање на Фејсбук.

Премиерот додаде дека Генералштабот на вооружените сили на Ерменија известува за проблемите со ресурсите и дека политичкото раководство го дели тоа мислење.

Во исто време, тој рече дека за време на борбите биле направени два обида да се врати окупираниот град Шуши, кој е втор по големина во Карабах.

„Едниот обид не успеа, а во другиот, ерменскиот одред успеа да навлезе во градот, а различните мислења за контролата над Шуши беа поврзани со активностите на овој одред“, додаде тој.

Пашинијан во вторникот рече дека смета дека ситуацијата ќе биде подобра отколку што е сега ако Ереван се согласи да врати пет региони околу Карабах во Азербејџан пред една година, но дека никој, вклучително и тој, не го сметал ова за правилен начин.

Слични содржини