Пашинјан: Ерменците од Нагорно Карабах продолжуваат да се соочуваат со опасност од етничко чистење

од Vladimir Zorba

Ерменија е подготвена да ги прифати сите етнички Ерменци, сонародници кои имаат намера да го напуштат Нагорно Карабах, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинјан во денешното обраќање до нацијата.

„Ерменците од Нагорно Карабах продолжуваат да се соочуваат со опасност од етничко чистење. Хуманитарна помош пристигна во Нагорно Карабах во последните денови, но тоа не ја менува ситуацијата. Нашата влада со љубов ќе ги пречека нашите браќа и сестри од Нагорно Карабах“, рече Пашинјан, пренесе ТАСС.

Ерменскиот премиер оцени дека безбедносните сојузи во кои учествувала Ерменија како членка се неефикасни, недвосмислено критикувајќи ја Русија, главниот ојузник на официјален Ереван, наведува Ројтерс.

Слични содржини