Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска изјави дека Ерменија не учествувала во подготовката на текстот на договорот за прекин на огнот во Нагорно Карабах.
Пашинјан рече дека неговата канцеларија ја забележала одлуката дека властите во Нагорно-Карабах се согласиле на прекин на огнот, пренесе руската агенција Интерфакс.
Ерменија нема војници во Карабах од август 2021 година, додаде тој.