Пашинјан го одржа својот збор: Премиерот на Ерменија поднесе оставка

од Nikola Popovski
270 прегледи

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинијан, во телевизиско обраќање до нацијата изјави дека поднесува оставка со цел да се одржат предвремени парламентарни избори во земјата.

„Денес се повлекувам за да се одржат предвремени парламентарни избори на 20 јуни“, рече Пашинјан.

Пашинјан претходно најави дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 20 јуни. Тој исто така изјави дека формално ќе поднесе оставка во април со цел да го започне механизмот за распуштање на парламентот, но дека ќе ја води владата до изборите.

Според ерменскиот закон, предвремените избори за Националното собрание се одржуваат не порано од 30 дена и не подоцна од 45 дена по распуштањето на парламентот. Механизмот за распуштање може да биде официјално инициран по оставка.

Парламентот ќе се распушти ако пратениците не изберат премиер двапати во рок од две недели.

Слични содржини