Пашинјан: Органите на редот спречија „криминалното свештенство“ да ја преземе власта во Ерменија

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денес изјави дека органите на редот спречиле, како што го нарече, криминално свештенство да ја преземе власта во земјата.

„Службениците за спроведување на законот спречија голем и злокобен план на „криминалното олигархиско свештенство“ за дестабилизација на ситуацијата во Република Ерменија и преземање на власта“, напиша Пашинјан на социјалните мрежи.

Безбедносните сили од утрово вршат претреси во домовите на членовите и поддржувачите на движењето „Света борба“, а водачот на движењето, надбискупот Баграт Галстанјан, е приведен, објави „Ехо на Кавказ“.

Слични содржини