Пашинјан разговараше со Путин во врска со агресијата на Азербејџан

од Stefanija Kuzmanovska
208 прегледи

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за конфликтот на ерменско-азербејџанската граница, соопшти прес-службата на ерменската влада.

Пашинјан му пријавил на Путин за провокативните агресивни дејствија на азербејџанската армија на суверена територија на Ерменија, кои започнаа на полноќ со артилериски напад, пренесе ТАШ.

Ерменскиот премиер посочи дека агресијата на Азербејџан е неприфатлива и бара соодветен одговор од меѓународната заедница. Пашинјан и Путин се согласија да останат во оперативен контакт. Ерменија соопшти дека рано утринава единици на вооружените сили на Азербејџан отвориле интензивен оган во правец на неколку ерменски градови користејќи артилерија, голем калибар и мало вооружување и дека ерменските сили одговориле на нападот, пренесува ТАШ.

Конфликтот првпат избувна во доцните 1980-ти, кога ерменските сили ги зазедоа областите во близина на Нагорно-Карабах, меѓународно признати како азербејџанска територија, но со мнозинско ерменско население, наведува „Ројтерс“.

Азербејџан ги врати тие територии во борбите во 2020 година, кои завршија со прекин на огнот со посредство на Русија и враќање на илјадници жители во нивните домови од кои побегнаа.

Слични содржини