Паста фунги, италијански рецепт кој сите го сакаат

од desk4
4,3K прегледи

Комбинацијата на тестенини и сос од печурки секогаш е добитна и речиси и да не можете да ја погрешите.

Во продолжение прочитајте го најлесниот рецепт за паста фунги, а и ве охрабруваме и самите да го подготвите.

Pixabay

Состојки:

100 гр шпагети
50 гр пршута
Неколку свежи печурки
200 мл хопла
Сол, оригано, бибер
Путер
Пармезан

Подготовка:

На стопениот путер пропржете ја пршутата и исецканите печурки. Додадете ја павлаката за готвење и оставете да се крчка две минути. На крај додадете ги солта и ориганото.

Шпагетите сварете ги и префрлете ги во садот со сос. Оставете да се готват кратко, најмногу три минути. Послужете со пармезан.

Во зависност од тоа колку порции подготвувате, можете да ја зголемите количината на состојки пропорционално.

Слични содржини