381
Доколку сакате брз и вкусен оброк, ова е рецептот за вас.
Состојки:
– 300 гр тестенини
– 350 гр пилешко месо
– 2 полни лажици песто сос
– 400 мл павлака за готвење
– пармезан
– зачини
Подготовка:
Сварете ги тестенините. За тоа време добро пропржете го пилешкото месо додека не порумени, па исечете го на коцки. Измешајте го пестото во павлаката за готвење.
Исцедете ги тестенините и додајте ги во тавата со пилешкото. Прелијте ја смесата од павлака и песто сосот. Зачинете по вкус.
Се динста додека не се свари малку павлаката. Послужете додека е топло.