Се прашувате како би се разменувале информации помеѓу паметни часовници кога нивните монитори се толку мали?
Apple мисли дека има лесен одговор: направи ги истите гестови кои веќе ги користите со вашите пријатели за да се поздравите. Фирма има поднесено барање за патент на систем што разменува податоци помеѓу wearables (се претпоставува дека Apple часовници) секогаш кога двете лица ќе направат сличен гест за поздравување, како што се ракувањето, поклонување или fist-bump (удар со тупаници). На часовниците би им биле само потребни нивните сензори за движење и краток опсег на безжична мрежа за да се каже дека сте во блиска околина – воопшто нема да има потреба да го уклучувате екранот. Уреди може исто така да разменуваат различни видови на податоци во зависност од точната гестикулација и колку добро знаете некоја друга личност, па ќе споделите контакт инфо ако сте се ракувате за прв пат. Нема гаранција дека Apple ќе ја земат оваа функција за Apple Watch во скоро време, но самата идеја за вакво надополнување доаѓа како многу логична идеја.

