Регистрација на патент од 2016 година покажува дека Samsung подготвува нов тип полнење на мобилни уреди, што не само ќе биде безжично, но не бара да го поставите уредот врз подлога, како што е во моментов.
За разлика од сите досегашни видови на полнење, во случајов навистина нема апсолутно никаква потреба од контакт со базата или со кабли. Во моментот кога вашиот паметен телефон ќе влезе во сигналниот опсег, автоматски ќе почне да се полни. Не ви треба подлога и телефонот реално не мора да го напушти вашиот џеб.
Удобно, нели?
Патентот е регистриран во Јужна Кореја и опишува метод за фокусирано насочување на енергијата кон мобилни уреди во просторијата, кои подсржуваат ОТА безжично полнење. Системот овозможува полнење дури кога корисникот се движи во собата, бидејќи рефлектори го препраќаат сигналот надвор од евентуалните пречки во затворениот простор.
Таквата технологија навистина би била исклучително корисна, но тешко можеме да ја очекуваме во следните три или четири години. Кога сепак тоа се случи, може да се реши една од најдосадните проблеми кај мобилните уреди – зависноста од непосредна врска помеѓу телефон и полнач.