Патник изгубил картичка во такси-возило, таксистот пазарел со неа

од Nikola Popovski
320 прегледи

МВР информира дека таксист пронашол изгубена картичка од негов патник, по што пазарел со неа.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Р.С.(38) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 13.03.2022 во Кочани, пријавениот во неколку наврати употребил платежна картичка која ја пронашол во такси возило кое го управувал, при што го оштетил лицето за 7.310 денари, стои во соопштението.

Слични содржини