Патријархот Кирил: Поделба на Руската православна црква заради политика не може да се оправда

од Stefanija Kuzmanovska
326 прегледи

Рускиот патријарх Кирил денеска изјави дека Православната црква е духовна поддршка на Русија, Белорусија и Украина и дека нејзината поделба заради политиката не може да се оправда.

„Православната црква е духовна поддршка на Русија, Белорусија и Украина – на сите наши братски словенски земји, не само на словенските“, рече Кирил по богослужбата во Полотск, Белорусија, на празникот Света Ефросина Полотска.

Тој истакна дека поделбата што го уништува единството со Христос и неговата црква, направена заради какви било политички, општествени или други човечки цели, е раскол и не може да се оправда.

Слични содржини