Рускиот патријарх Кирил на мисата во пресрет на православниот Велигден изјави дека се надева оти конфликтот во Украина наскоро ќе заврши. Сепак, војната не ја осуди.
„Господ да го помири нашиот народ во Украина, каде се уште се пролева крв“, рече тој. „Нека овој Велигден, Господ им помогне на оние кои се вклучени во конфликтот да ги смират срцата, умовите и душите, за што поскоро да завладее долгоочекуваниот мир“, додаде тој на светата миса во Москва.
Да потсетиме, папата Франциск вчера ја откажа средбата со поглаварот на Руската православна црква што требаше да се одржи во јуни во Ерусалим. Кирил е близок сојузник на Путин кој постојано ја оправдуваше руската „специјална воена операција“ во Украина.