Патријархот Вартоломеј: Руската црква и Кирил изневерија

од Stefanija Kuzmanovska
345 прегледи

Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска изјави дека Руската православна црква ги предала отците на православната црква поддржувајќи го нападот врз Украина.

Москва ја нарекува војната во Украина специјална воена операција чија цел е ослободување на Украина од фашистите, што Киев и неговите западни сојузници го нарекуваат изговор за неиспровоцирана војна.

Рускиот патријарх Кирил ја поддржал акцијата во Москва и неговата позиција се проширила низ Православната Црква.

Светскиот совет на црквите побара од патријархот Кирил да „интервенира и да посредува“ за запирање на војната, објави „Ројтерс“.

Во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ во вторникот вечерта, Ватроломеј рече дека очекува Кирил да се спротивстави на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина и да поднесе оставка, доколку е потребно.

„Не е невозможно сите цркви да не го осудуваат насилството, војната. Руската црква не разочара. Не сакав Руската црква и братот патријарх Кирил да бидат овој трагичен исклучок. Не знам како може да се оправда пред својата совест“, рече Вартоломеј.

Тој рече дека очекува Кирил да застане во клучен, историски момент и дека ако треба ќе ја жртвува својата позиција, за да му каже на Путин „Господине претседателе, не се согласувам со вас, поднесувам оставка“.

Слични содржини