Во болница во Атина, еден пациент починал бидејќи друг, од соседниот кревет, го исклучил неговиот респираторот затоа што го нервирала бучавата од тој уред.
Во тек е полициска истрага бидејќи има индиции дека смртта на 77-годишникот е последица на криминалните дејствија на 62-годишникот со кого ја делел болничката соба.
Осомничениот пациент му ја извадил маската од лицето на другиот и му го исклучил „неинвазивниот вентилатор“, а отпечатоците од прсти биле пронајдени на маската, на уредот и на кабелот за напојување.
Во последните неколку дена тој „жестоко се жалел“ на вработените за бучавата од тој уред, од кој, како што навел, „воопшто не може да се смири“.
Лекарите и медицинските сестри биле вознемирени кога го слушнале алармот на исклучениот уред, но не успеале да му го спасат животот на 77-годишникот чија состојба, според информациите од болницата, се подобрувала, иако тој сè уште бил слаб.
Полицијата истражува и зошто не е активиран резервниот систем на уредот за работа на батерија, што машината го има во случај на прекин на струјата.
Според весникот, 62-годишниот сторител е „познат на полицијата“ затоа што тој бил обвинет за тепачка во 2006 година, а во 2019 година бил обвинет за сексуално вознемирување на малолетничка.
Тој беше уапсен и се уште се лекува во истата болница од ковид 19, но со полициски чувар.