Пациенти од Украина префрлени во болниците ширум ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Европската комисија објави дека 500 украински пациенти на кои им е потребно континуирано лекување или итна медицинска помош досега се префрлени во европските болници благодарение на механизмот за цивилна заштита на ЕУ.

Украинските пациенти во моментов се на третман во Белгија, Германија, Данска, Шпанија, Франција, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија, Романија и Шведска, соопштија од Брисел.

„Ова е вистинска европска солидарност во акција. ЕУ мобилизираше помош, без преседан по обем и брзина, за да ја поддржи и заштити Украина и нејзиниот народ. Украина може да продолжи да смета на непоколебливата поддршка на ЕУ“, рече комесарката за здравство Стела Киријакидес.

Слични содржини