„Патувај кон светлината“: Калиопи со емотивна објава се прости од нејзиниот татко

од Stefanija Kuzmanovska
411 прегледи

Пејачката Калиопи сподели тажна вест со своите следбеници на Инстаграм.

Имено, почина нејзиниот татко, од кого таа се прости со емотивна објава.

„Тато мој… Моја сила, светлост, сјај… Замина и со себе однесе дел од малечката Опи… Патувај кон светлината и биди сигурен дека во моето име врежано е и твоето, засекогаш…“, напиша таа под нивна заедничка фотографија.

Коментарите вклучуваа пораки со поддршка за пејачката и сочувство.

Слични содржини