Пауновски: Жалам што премиерот не ги разбра моите искрени намери за професионално работење

од Andreja Salpe
422 прегледи

Сега веќе разрешениот директор на ДПИ, Стојко Пауновски, на својот фејсбук профил упати благодарност до сите граѓани кои го поддржаа во минатонеделниот „пркос” и изрази жалење дека премиерот Заев не ги разбрал неговите намери за професионално работење.

„Огромна благодарност до сите граѓани кои во мојот “пркос” ги согледаа моите искрени намери и желба за силна, стручна и независна Европска институција. Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институцијата со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот. При ова обраќање, сакам да упатам посебна благодарност до сите вработени во ДПИ кои во оваа битка застанаа рамо до рамо со мене и докажаа со факти дека сите одлуки ги носевме заедно, без разлика што јас им бев претпоставен. Горд сум на се што направивме заедно! Ми беше чест да работам за Вас и од срце Ви посакувам подобар директор со кого ќе продолжите таму каде што јас застанав”, напиша Пауновски

Слични содржини