Павле Трајнов бара Македонија да биде една изборна единица

од desk3
117 прегледи

Во текот на наредната недела ќе го промовираме “Проектот за Македонија да биде една изборна единица”-изјави лидерот на ДС-Павле Трајанов на денешениот избор на ново раководство на младите на ДС. Тој оцени дека тоа е модел кој ќе обезбеди фер и демократски избори ,а изборните резултати ќе бидат реален одраз на работата на граѓаните.

vesti

Инаку денеска на  петтото Изборно собрание на младината на ДС  за претседател беше избран Миодраг Димов (правник) за потпретседатели: Александар Илиевски (филолог) и Јово Батковски (м-р по право), а за секретар Елена Денковска.

Досегашниот претседател на ДСМ, м-р Даниел Ефтимов, во својот извештај за досегашните активности, порача: Во младите е иднината. Младите на Демократскиот сојуз како подмладок на партијата сметаат дека на македонската држава и се потребни млади луѓе кои ќе бидат ГЛАСОТ и ЛИКОТ на Македонија.

Во однос на актуелната политичка состојба лидерот на ДС во своето обраќање пред младите нагласи: “Наместо натамошни конфронтации и поделби, повикувам на разумно однесување и политички дијалог за излез од длабоката политичка криза, која има негативен одраз врз стабилноста, економскиот развој и владеење на правото”.

Трајанов смета дека кризата не може да се реши со протести, митинзи и со манипулативна медиумска кампања, туку со искрен пристап, сплотеност, единство и водење сметка за националните и државните интереси, повикувајќи да се престане со ширењето на омраза и меѓусебни навреди.

Во работата на Собранието учествуваа над 120 делегати, при што во дискусијата беше нагласена определбата и потребата, да се создаваат услови за младите, креативни и стручни кадри да останат во Македонија .