Да живее Солун, вечниот главен град на Македонија, со овие зборови грчкиот претседател Прокопис Павлопулос денеска во Солун го честита Свети Димитриј Солунски, кој воедно е празник на градот.
По свечената литургија во црквата Свети Димитриј, Павлопулос даде изјава за медиумите во која не пропушти да повтори дека „Македонија е грчка“.
Според него, „денес, повеќе од било кога, се важни две лекции за хеленизмот“.
– На прво место е лекцијата од очигледниот, и следствено на тоа имплицитен грчки карактер на Македонија, изјави Павлопулос додавајќи дека Свети Димитриј „со текот не времето го штител токму тоа, особено против Словените уште во 6 век“, а кулминацијата на оваа заштита, според грчкиот претседател, било ослободувањето на Солун за време на Балканските војни 1912-1913 година. /МИА