Павловска Данева: Позицијата генерален секретар не смее да зависи од личните преференци на јавниот функционер

од Берта Китинска
343 прегледи

Професорката Ана Павловска Данева на својот Фејсбук профил  ја искоментира денешната одлука на оставката на генералниот секретар на ДКСК, Розета Трајан.

-Во секоја нормална држава, позицијата генерален секретар не смее да зависи од личните преференци на јавниот функционер. Јавните функционери можат според лични убедувања да си бираат шефови на кабинети, но не и генерални/државни секретари. Генералниот секретар е одговорен за работата на стручната служба и треба да служи како нејзина брана од евентуалните политички влијанија на функционерите. Само кај нас може генерален секретар да се избира според степенот на доверба и допадливост што ќе го стекне кај функционерот. Така се наметнува сервилност и полтронство на службениците во иднос на избраните функционери кои се минливи и менливи! Вакво постапување е најмалку очекувано и дозволиво во тело надлежно за борба со корупција и спречување на конфликт на интереси, напиша Павловска Даневска.

Со шест гласа за и еден против, членовите на Антикорупциска  донесоа одлука Розета Трајан, да не биде повеќе генерален секретар на ДКСК.

Слични содржини