PayPal дава пристап до криптовалути на сите корисници во Обединетото Кралство

од Vladimir Zorba
374 прегледи

Гигантот за финансиски технологии PayPal, со седиште во Сан Хозе, објави дека сите негови клиенти,кои ги исполнуваат условите, сега можат да купуваат, продаваат и држат криптовалути во Велика Британија.

Листата на поддржани дигитални средства вклучува Bitcoin, Bitcoin Cash, Ethereum и Lightcoin.

PayPal се насочи кон секторот за криптовалути во октомври, откако постепено ја претстави новата функционалност на сите корисници во САД.

Компанијата првично објави дека ќе ја прошири својата крипто-услуга во Велика Британија во февруари.

Кон крајот на август, PayPal започна да нуди поддршка за гореспоменатите криптовалути во Велика Британија.

Хозе Фернандез да Понте, менаџер на блокчејн на компанијата, рече дека PayPal се обидува да помогне во обликувањето на улогата на криптовалутите во глобалните финансии.

– Ние сме посветени на продолжување на тесната соработка со регулаторите во Обединетото Кралство и низ целиот свет, за да ја понудиме нашата поддршка и да дадеме значаен придонес во обликувањето на улогата што дигиталните валути ќе ја играат во иднината на глобалните финансии и трговија.

Во јули, платежниот гигант објави неколку работни позиции поврзани со криптовалути во Ирска.