PayPal оствари приход од 7,4 милијарди долари во последниот квартал од минатата година, што е за седум отсто повеќе отколку во истиот период претходната година. Нето добивката скокна за 15 отсто на 921 милион.
При објавувањето на резултатите, Paypal објави дека извршниот директор Ден Шулман ќе ја напушти функцијата на крајот на годината.
Кварталните резултати на Paypal ги надминаа прогнозите на аналитичарите, пренесува германската новинска агенција dpa.
Компанијата објави дека извршниот директор Шулман ќе се пензионира на крајот на годината. Тој го презеде управувањето со компанијата во 2014 година, откако Paypal се раздели од поранешната чадор компанија Ebay. Сè уште не е познат наследникот на Шулман.
Минатата недела компанијата објави дека поради тешкото економско опкружување ќе отпушти околу седум отсто од своите вработени, што е околу 2.000 луѓе.
Голем број технолошки компании презедоа сличен чекор во последните месеци, вклучувајќи ги Metа, Amazon, Twitter и Alphabet.