Пазарната капитализација на Биткоин надмина 900 милијарди долари

од Stefanija Kuzmanovska
285 прегледи

Најголемата криптовалута во светот, Биткоин, ја надмина пазарната капитализација од 900 милијарди долари за прв пат во историјата.

Ова се случи откако цената на оваа дигитална монета достигна ново рекордно ниво.

Откако минатиот четврток наутро достигна рекордна цена од 48.481 американски долари, биткоинот го затвори тргувањето со 47.932 долари, што претставува пораст од 6,9 проценти на дневна основа, според Ројтерс.

„Русија денес“ известува дека на берзата Bitstamp, една од најстарите за тргување со Биткоин, цената во еден момент достигна историско ниво од 49.000 долари, што резултира со краткорочна пазарна капитализација од 912,69 милијарди $.

Тоа значи, додава РТ, дека пазарната вредност на оваа виртуелна валута се зголеми за 354 милијарди долари во текот на 2021 година. Претходното највисоко ниво на пазарна капитализација на Биткоин беше забележано на 8 февруари во износ од 888 милијарди долари.

Биткоинот во моментов има 61 процент удел во вкупната пазарна капитализација на сите криптовалути, што денес исто така достигна историски рекорд од 1,46 милијарди долари.

Кумулативната пазарна капитализација на сите дигитални валути порасна за 88,5 проценти од почетокот на 2021 година, досега во споредба со почетното ниво од 776 милијарди долари на почетокот на годината.

Според податоците, ​​Биткоинот сега е деветто најценето средство во светот според пазарната капитализација, а во изминатата недела ги надмина Фејсбук и Тесла во тој поглед.

Ако пазарната вредност на биткоинот се спореди со рангирањето на БДП на земјите, неговите 900 милијарди долари се меѓу вредноста на БДП на Мексико (1,04 трилиони долари) и Холандија (886 милијарди долари), а пред Швајцарија чиј БДП е 707 милијарди долари.

Слични содржини