Пазарот на криптовалути ја зголеми својата вредност во последните 24 часа, според податоците на веб -страницата Коингеко, за 2,2 проценти.
Биткоинот повторно ја зголеми својата вредност во последните 24 часа, за 4,6 проценти. Така, сериозно се приближи до априлскиот рекорд, бидејќи во моментов се тргува по цена од 62.083 долари.
Етереумот, исто така, утрово порасна за 1,1 отсто, откако е проценет на 3.860 долари.