Пазарот на онлајн рекламирање во Европа стигна 30,7 милијарди eвра

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Со 11,7% раст за година европскиот пазар на онлајн рекламирање достигна 30,7 милијарди евра во 2014 година, стана јасно на Деветтата годишна конференција “Интеракт” на IAB Europe, која се одржа во Берлин. Студијата AdEx Benchmark покажа дека онлајн рекламирањето во Европа расте со двоцифрена стапка петта година по ред.655-402-digital

Во апсолутни вредности пазарот е дуплиран за пет години – во 2009 година потрошени за онлајн рекламирање биле 15,8 милијарди евра. Уште поимпресивна е споредбата со 2006 година, кога пазарот е речиси пет пати помал – само 6,6 милијарди евра.

Рекламата во мобилните и видео содржини регистрира сериозен раст и сега таа е значајна компонента во секторите “дисплеј рекламирање” и “резултати од пребарување”, посочуваат од IAB.

AdEx Benchmark го дели онлајн пазарот на рекламирање на три големи сектори: приказна реклама (Display), резултати од пребарување (Search) и најави и каталози (Classifieds and Directories). И кај трите се забележува влијанието на промената во моделите на кои корисниците имаат пристап до содржини на интернет, како и промената во користените уреди.  

Извор: IAB Europe / AdEx Benchmark 2014

Екран рекламата покажува најголем раст во однос на претходната година – 15,2%, и стигнува до 10,9 милијарди евра.

При search рекламата растот е 10,8% до волумен од 17,7 милијарди евра.

Во последниот сектор – објави и каталози, растот е 5,8%, а на пазарот достигна ниво од 4,9 милијарди евра.

Од IAB забележуваат дека земјите од Централна и Источна Европа покажуваат силен раст кој се должи на подобрувањата во широкопојасна интернет инфраструктура и поголемата пенетрација на широкопојасен пристап меѓу локалните корисници. Најважен останува растот на зрелите пазари во Европа, кој е резултат на инвестициите во нови формати, подобрено таргетирање и навлегувањето на стратегии за нудење на содржина на повеќе од еден уред.

Од IAB нагласуваат дека оваа година за прв првпат трошоците за рекламирање по глава на жител во Западна Европа се поголеми при онлајн рекламирањето отколку кај телевизиската (59,9 евра против 58,7). 

Општите податоци за рекламните буџети во Европа исто така покажуваат дека онлајн рекламирањето во целина дише во вратот на телевизиското – за 2014 година на пазарот на оналјн реклама е 30,7 милијарди евра, а на телевизиската – 33,5 милијарди.