ПАЗАТ НА „ЛИНИЈАТА“: Германците „свесно“ јадат се помалку месо

од Vladimir Zorba
292 прегледи

Германците јадат се помалку месо – според Информативниот центар за земјоделство (BZL), во 2023 година просечниот жител изел 51,6 килограми, 430 грама помалку од претходната година, пренесува германската новинска агенција (dpa).

Министерот за земјоделство Џем Оздемир ги припишува новите бројки, кои го потврдуваат трендот, на промисленост.

При изборот на храна, Германците повеќе внимаваат на своето здравје, влијанието врз животната средина и благосостојбата на животните, рече министерот. Денес многу луѓе јадат помалку месо поради оваа свест, а сите податоци покажуваат дека трендот е посилен“.

Најмногу се намалила потрошувачката на говедско месо, речиси пет отсто, на 8,9 килограми. Просечниот германски граѓанин минатата година консумирал 27,5 килограми свинско месо, околу 600 грама помалку отколку во 2022 година.

Од друга страна, потрошувачката на разновидно месо од живина скокнала за 900 грама, на 13,1 килограм.

Оздемир оцени дека земјоделството, пазарот и политиката треба да се свртат кон „реалноста“ и да го поттикнат развојот на сточарството во Германија.

„Истражувањето постојано покажува дека потрошувачите сакаат повисоки стандарди за сточарство и се подготвени да платат повеќе“, рече тој во својата изјава.

Во основа, изјави министерот, „целта е да се чуваат што е можно помалку животни“, заедно со развојот на алтернативи од растително потекло, како што се овесното млеко или вегетаријанските хамбургери, кои веќе имаат очигледен, силен пазарен потенцијал во домашното земјоделство и прехранбената индустрија. .

Слични содржини