Партијата за демократски просперитет, оцени дека изјавата на претседателот на Советот на јавни обвинители дека не го интересираат политичките договори е чиста демагогија и политичка маска зад која се прикрива горчливата вистина дека ово тело со непочитување на Законот за јавни обвинители и своите штетни одлуки на терет на иднината на државата, е во служба на коалициските партии во обидот да се опструира договорот од Пржино.

ПДП смета дека со досегашните опструкции на партиите на власт на договореното од Пржино се потврдува тезата дека тие што се актери на кризата не можат истовремено да бидат актери и за нејзино решавање и ја повикува ЕК да превземе посебни мерки кон политичките лидери кои земјата ја втурнале во тешка политичка, економска, социјална и културна криза.
ПДП порачува дека не треба да се превземаат мерки на изолирање на државата туку за изолирање на актерите кои ја доведоа државата во таква состојба.