ПДП: Разочарани сме од денешното однесување на пратениците

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Партијата за демократски просперитет е длабоко разочарана од однесувањето на пратениците во однос на донесување на законите кои би ја зацврстувале акцијата и позициите на СЈО, пишува во соопштението на партијата.

pdp

„Сметаме дека однесувањето на пратениците на ДУИ и ДПА го потврдува општото убедување на Албанците дека однесувањето на овие две политички партии е диригирано со диригентската палка на нивниот ’легендарен командант’ Грујо и тие никако не можат да излезат од таа рамка. Не присуствувајќи на Седница на Собрание (за што народот и ги плаќа ) е исто како да гласаш против предложените закони“, наведено е во соопштението.

Денеска пратениците од владејачкото мнозинство не дадоа поддршка на измените на законите за СЈО и заштитени сведоци кои ги бараше специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а ги предложи пратеничката група на СДСМ.