ПДП: Со уставната одлука се воведе апсолутистичка власт во стилот на Луи XIV

од desk4
123 прегледи

download (62)

Укинувањето на Законот за помилување од 2009 год. петте партиски судии со нивниот многу активен придонес што побрзо да се измисли инструмент за спас на партиските апаратчики обвинети за нивните зло дела против државата и граѓаните, ја укинаа демократијата и републиката и на тој начин воведоа апсолутистичка власт во стилот на Луи XIV и сега претседателот на оваа земја има моќ над сè и не се потребни никакви закони и најмалку Уставот!

Со овој гест на овие партиски судии уште повеќе се зајакнуваат врските меѓу партијата и државата спротивно на препораките на Прибе, Договорот на Пржино е дефинитвно мртов и работата на СЈО станува ирелевантна и безпредметна.

ПДП ја повикува меѓународната заедница да најсериозно ја разгледува ова која веќе дефинитивно Македонија ќе ја втурне во неизлезен ќорсокак“, стои во соопштението на ПДП.