Изјавата на Павле Трајанов дека сведочењето на Слободан Богоевски пред судот во Њујорк е веродостојно затоа што е поткрепено и со други докази кои му биле достапни и на премиерот Никола Груевски се повеќе ја разрешува дилемата зошто Али Ахмети и неговата партија ДУИ секогаш стојат во ставот „мирно„ пред Груевски и ја играат улогата на послушниот слуга, реагираат до партијата ПДП.

ПДП ќе достави барање до меѓународната заедница и амбасадорите Бејли, Орав, Гарет да истрагата околу аферата „Маѓар Телеком„ во која според Богоевски се инволвирани Ахмети и Муса Џафери поминува во надлежност на Специјалниот обвинител.
ПДП смета дека за да се расчисти аферата во што можен краток рок Али Ахмети и Муса Џафери треба да дадаат веднаш оставка од нивните функции.