Печена пастрмка со зеленчук

од Stefanija Kuzmanovska
420 прегледи

Состојки:

– 4 пастрмки

– 1 главица кромид

– 4 чешниња лук

– 1 морков

– магдонос, рузмарин

– ловоров лист

– лимон

– сол, бибер

– малку бело вино

– маслиново масло

Подготовка:

Исчистете ја и посолете ја пастрмката.

Кромидот и лукот се сечкаат ситно, а морковот се ренда на крупно ренде. Магдоносот се сецка ситно, се посолува, се додава малку бибер и масло, па се меша и со сето тоа се полни пастрмката.

Плехот убаво подмачкајте го, па ставете ги пастрмките, прелијте со маслиново масло и бело вино.

Додадете рузмарин, ловоров лист и печете на 200 степени додека не поруменат.

Додека се пече, повремено прелијте ги со маснотијата од тавата.

Врз пастрмката исцедете го лимонот, па послужете со варени компири или со ориз.