ПЕЧЕНИ ЈАБОЛКА СО ЦИМЕТ! Неодоливо зимско уживање

од Vladimir Zorba
349 прегледи

Направете вкусни печени јаболка со цимет.

Состојки:

четири јаболка
четири стапчиња цимет
100 гр шеќер
150 гр суви брусница
100 гр крупно сечкани ореви
300 мл црвено вино
малку вода
путер за подмачкување

Подготовка:

Измијте ги јаболката и ископајте ја средината. За филот, во виното ставете брусница, ореви и шеќер и добро промешајте да се растопи шеќерот.

Огноотпорниот сад намачкајте го со путер, во него наредете ги јаболката и наполнете ги со филот. Околу јаболката ставете го остатокот од филот, па додадете ги стапчињата цимет.

Додадете малку вода. Печете 20 минути на 180 степени.

По печењето оставете ги јаболката да се изладат дваесетина минути, па послужете ги.

Слични содржини