Печени пиперки со јајца и сирење

од Берта Китинска
292 прегледи

За овој рецепт потребни ви се само три состојки – пиперки, јајца и рендано сирење. Можете да ги чувате во фрижидер и да ги загреете по потреба.

Навистина брзо и лесно се подготвува овој оброк, а освен тоа ги покрива сите потребни нутритивни вредности – две половини пиперки со јајца бројат 205 калории, според водичот EatingWell.

Состојки:
4 средни пиперки
Сол и бибер по желба
8 јајца
¼ изрендано сирење

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени и подмачкајте го плехот за печење. Исечете ги пиперките на половина и извадете ги семките. Ставете ги пиперките во сад за печење, и посипете ги со 1/8 лажичка сол и бибер.

Овој рецепт е погоден за сите оние кои се погодни за диета без глутен, богата со протеини и малку јаглени хидрати, а исто така е вегетаријански.
Печете ги пиперките 15 минути. Извадете го плехот од рерна и скршете по едно јајце за секоја пиперка, а по желба изматете ги со малку сол и бибер.

Додадете сирење по желба. Печете додека не се стегнат белките, 15 до 20 минути. Оставете да се излади и потоа ставете го во фрижидер, во херметички сад може да се чува до четири дена.

Слични содржини