148
Состојки:
– 4 пилешки батаци (батак и карабатак)
– 1 праз
– 200 гр ориз
– 4-5 печени пиперки
– 200 мл сок од домати
– сушен зачин
– слатка мелена пиперка
– кари зачин
– сечкан магдонос
Подготовка:
Одделете ги батакот и карабатакот и посипете ги со суви зачини, кари и пиперка.
Се динстаат од сите страни во тавче и се ставаат во огноотпорен сад. Исецкајте го празот и исчистете ги и исечкајте ги пиперките. Продинстајте го празот, потоа додадете ги оризот и пиперките и прелијте со сок од домати (и малку вода) и зачинете со сол и бибер.
Сè посипете врз батаците. Се пече на 200 степени околу 40 минути.
Кога е готово посипете со магдонос.