Германската антиислaмамистичка организација ПЕГИДА канцеларот Ангела Меркел ја нарече “најопасната жена во Европа”. На последниот голем антиисламски и антибегански митинг во Дрезден лидерот на ПЕГИДА Татјана Фестерлинг инсистираше Меркел да поднесе оставка, бидејќи гледа во фрау канцлерин главен виновник за бегалската криза во Германија и во Европа во целина.

“Политика на Меркел спрема бегалците ја направи Германија џиновски камп во џунглата. Меркел е апсолутно неодговорно. Ова е најопасната жена во Европа. Таа намерно одбива да се заштитат границите на Германија”, изјави пред 25-илјади демонстранти 51-годишната Фестерлинг, која на изборите за градоначалник на Дрезден во текот на летото се рангира на 4-то место.
. Учесниците на митингот во Дрезден носеле импровизирана бесилка, на која имало две табели: “Резервирано за Ангела Меркел” и “Резервирано за Зигмар Габриел” (Вице Премиер Германија). За време на акцијата беа подигнати и сепаратистички слогани за отцепување на покраината Саксонија од Германија по примерот на Каталонија, која сака да се отцепи од Шпанија