Пејачката Дафи откри мрачни тајни: Бев дрогирана, силувана и држена во заложништво

од Elena Daskalova
357 прегледи

Поп-ѕвездата Дафи, која најголема популарност стекна во периодот меѓу 2007 и 2010 година, одлучи преку социјалните мрежи јавно да проговори за траумите низ кои поминала.

„Можеби се прашувавте каде исчезнав и зошто? Вистината е дека сега сум добра и безбедна, но претходно бев дрогирана, силувана и задржана како заложник неколку дена“, напиша таа.

Дафи не прецизира кога се случило тоа, но нагласува дека таа траума била претешка за неа и дека со години не можела да почувствува ниту среќа, ниту пак да гледа на светлата страна на животот.

„Многумина се прашуваат зошто не го искористив гласот за да ја искажам болката. Но, не сакав да му ја покажам на светот мојата тага. Како можам да пејам целосно скршена? Полека, закрепнував“, објаснува таа.

Ѕвездата најави и дека наскоро ќе даде интервју во врска со ова искуство, но побара од медиумите да не ги вознемируваат нејзините блиски, туку да контактираат само со неа ако ги интересираат детали или им е потребна изјава.

Слични содржини