222
Американскиот рапер и хип-хоп магнат Шон „Диди“ Комбс е обвинет пред федералниот суд во Њујорк дека ја тепал и силувал пејачката Кеси во текот на долгогодишната врска.
Пејачката, чие вистинско име е Касандра Вентура, во тужбата тврди дека Комбс ја запознал со неговиот „развратен, брз и полн со дрога начин на живот“ веднаш откако го запознала и потпишала со неговата издавачка куќа во 2005 година, кога имала 19 години, а тој имал 37 години, јавува „Гласот на Америка“.
Адвокатот Бен Брафман истакнал дека Комбс „жестоко ги негира“ обвинувањата.